Естонија до Сунак: Руската војна промени се, инвестирајте повеќе во одбраната

Сподели со своите пријатели

Естонија го повика Риши Сунак, новиот премиер на Велика Британија, да инвестира повеќе во одбраната поради војната во Украина.

Loading...

Да потсетиме дека претходникот на Сунак, Лиз Трас, додека таа сè уште беше премиер, вети дека ќе ги зголеми инвестициите во одбраната од 2 на 3% од БДП до 2030 година.

Сунак, кој претходно таквото ветување го нарече „произволно“, не рече дека планира да го стори истото.

„Автократите инвестираат во оружје, мора и ние“

На прашањето на Би-Би-Си дали членките на НАТО треба да инвестираат 3 отсто од својот БДП во одбраната, естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу рече „апсолутно“.

„Руската инвазија на Украина промени сè. Автократите инвестираат во оружје и веруваат во моќта на оружјето. Ако сакаме да ги браниме нашите вредности, односно поредокот заснован на правила, мора да инвестираме во оружје“, рече Реинсалу.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.