Eсенска диета со круши

Сподели со своите пријатели

Во здравственото мени секогаш треба да предвидиме и доволно количество свежо овошје. Есента нè поканува да пробаме разни сорти на корисните и вкусни круши. Веројатно не знаете, но иако крушите се послатки од јаболката, содржат помало количество шеќер од нив.

Ова ги прави одлични за вашата здрава исхрана. Денес споделуваме еден есенски план за исхрана кој за 7 дена може да ви помогне да симнете до 4 килограми. Важно е да примате многу вода и откако сте консумирале круши почекајте два часа пред да консумирате месо.

Ако огладнете помеѓу оброците, може да јадете по една круша, но повторно стремете се да имате 2-3 часа пауза. Зелениот чај ќе ви помогне во подобрувањето на метаболизмот и согорувањето на вишокот калории. Снимете си ја диетата:

Мени за понеделник и вторник
Појадок: чаша јогурт , тост ржен леб, 2 круши;
Ручек: 100 гр пилешки гради на скара или на пареа, 50 грама варен ориз ;
Вечера: 2 круши ;
Пред спиење: чаша зелен чај без шеќер.

Мени за среда и четврток
Појадок: 1 круша, 2 оризови лепчиња;
Ручек: 50 грама отсолено сирење, парче ржен леб, 3 круши;
Вечера: 2 круши;
Пред спиење: чаша зелен чај без шеќер.

Loading...

Мени за петок, сабота и недела
Појадок: 100 гр посно говедско месо, варено или на пареа, 50 грама варена хељда;
Ручек: 2 тврдо варени јајца, 1 морков, може и варен, 2 круши;
Вечера: 2 круши;
Пред спиење: чаша зелен чај без шеќер.