Ердоган: Нема да одобриме прием во НАТО додека Шведска дозволува палење на Куранот

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата нема да даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО се додека властите на таа скандинавска земја дозволуваат палење на Куранот под полициска заштита.

Loading...

„Нема да кажеме „да“ за влезот на Шведска во НАТО сè додека дозволувате нашата света книга, Куранот, да биде запалена, растргната на парчиња и тоа е направено со одобрение од вашиот безбедносен персонал“, рече Ердоган, мислејќи на неодамнешното палење на Куранот во главниот шведски град Стокхолм.

Ердоган рече дека Турција внимателно го следи развојот на настаните поврзани со процесот на проширување на НАТО во контекст на заедничкото барање за прием поднесено од Финска и Шведска.

„Нашето гледиште за кандидатурата на Финска е позитивно, но не е така кога станува збор за Шведска“, рече Ердоган, пренесува Анадолија, а со тоа сигнализирајќи ја подготвеноста на Анкара да ја поддржи кандидатурата на Финска за НАТО одвоено од Шведска.

Неговите изјави уследија откако данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан запали копии од Куранот во два одвоени наврати минатата недела, прво пред турската амбасада во Стокхолм, а подоцна и пред џамија во Данска.

Тие се обврзаа да преземат чекори

Палудан рече и дека ќе ја пали муслиманската света книга секој петок додека Шведска не биде примена во НАТО.

Шведска и Финска официјално аплицираа за членство во НАТО минатиот мај, одлука поттикната од војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година.

Според меморандумот потпишан минатиот јуни меѓу Турција, Шведска и Финска, двете нордиски земји се обврзаа да ги преземат чекорите што ги бара Анкара за да добијат членство во НАТО.

Loading...

Во договорот, Шведска и Финска се согласија да не даваат поддршка на групи како што се ПКК и нејзините ограноци и организацијата ФЕТО, и да испорачаат на Турција лица осомничени за тероризам од Анкара.