Ердоган настојува да ги оживее мировните преговори меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна во Турција, каде ќе присуствува на дел од годишниот дипломатски форум во медитеранското одморалиште Анталија.

Loading...

Предвидена е средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Хакан Фидан.

Турција се обидува да ги оживее мировните преговори меѓу Русија и Украина и начините за обезбедување безбедна пловидба во Црното Море, пишува Гардијан.

Руско-украинската војна ќе биде клучна точка на разговор на форумот, кој ќе трае од денеска до недела, иако првиот човек на Русија го напушта собирот веќе утре.

Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Анкара внимателно одржува врски со двете страни.

„Турција, заедно со Унгарија, останува една од последните земји во НАТО што одржува дијалог со Москва“, изјави за АП Синан Улген, директор на тинк-тенкот „Едам“ со седиште во Истанбул.

„Во геополитичкиот контекст променет од војната, Турција се грижи да ја задржи оваа улога во иднина, надевајќи се дека ќе ја искористи за време на можните мировни разговори“, додаде тој.

Ердоган во средата рече дека Турција сака да ги оживее мировните напори од 2022 година кога главните ривалски преговарачи се состанаа во Истанбул.

Loading...

„Подготвени сме да ја обновиме преговарачката маса за градење мир како што направивме претходно во Истанбул“, рече Ердоган во видео пораката прикажана на самитот на лидерите од Југоисточна Европа во Тирана оваа недела, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Турскиот лидер повика и на нов безбедносен механизам за транспортот на Црното Море. „Потребен ни е аранжман кој гарантира безбедно пловидба на комерцијалните бродови во Црното Море“, рече тој.

„За таа цел, ние ги продолжуваме нашите контакти за да добиеме безбедносни обврски“, додаде тој без да наведе детали.