Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска оцени дека Израел е „терористичка држава“ која врши воени злосторства и го крши меѓународното право во Газа и го повтори ставот дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка организација.
Loading...
Говорејќи пред членовите на парламентот, Ердоган го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да соопшти дали Израел има нуклеарни бомби или не и додаде дека израелскиот премиер ја напушта функцијата, пренесува Ројтерс.
Тој рече и дека Хамас е политичка партија избрана од Палестинците, пренесува Танјуг.