Ердоган и Руте разговараа за последните случувања во Сирија

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте за последните случувања во Сирија, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Loading...

„За време на разговорите, претседателот Ердоган потврди дека Турција ќе продолжи да прави се што е во нејзина моќ за да воспостави обединета Сирија ослободена од тероризмот“, се вели во соопштението од кабинетот на Ердоган, пренесува Ројтерс.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш разговараа за периодот на транзиција во Сирија по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад во понеделникот, соопшти претходно турското Министерство за надворешни работи.

Турскиот министер и генералниот секретар на ОН разговараа и за пристапот до хуманитарна помош за Сирија и разменија идеи за тоа што би можеле да направат ОН за да помогнат во обновата на Сирија.