„Епл“ ќе плати 500 милиони долари за да подмири една од тужбите во САД за ограничување на старите „Ајфони“, пренесува Ројтерс.
Во зависност од тоа колку луѓе на крајот ќе се обидат да учествуваат во спогодбатаж, секој корисник би можел да добие околу 25 американски долари, бидејќи најмалку 310 милиони долари ќе одат директно кај потрошувачите, пренесува Endgadget.
1,5 терабајти податоци протекоа од сајт за возрасни
Договорот ги опфаќа моделите на iPhone 6, 6 Plus, 6s, 6s Plus, 7, 7 Plus и SE модели кои работат со iOS 10.2.1 или понова верзија.
Исто така, вклучува iPhone 7 и 7 Plus ако користеле iOS 11.2 или понова верзија, но до 21 декември 2017 година.
Според Ројтерс, адвокатите исплатите ги оцениле како „значајни“, додавајќи дека тие биле „фер, разумни и соодветни“.
Google Translate добива нови јазици
Судската постапка датира од 2017 година кога Епл призна дека намерно ги успорува постарите ајфони со стари батерии.
Во тоа време, компанијата привремено ги намалила трошоците за замена на батериите надвор од гарантниот период од 79 на 29 долари како извинување за нетранспарентност.
Околу 11 милиони сопственици на iPhone ја искористија оваа промоција.