Епидемиолошката состоја во Куманово е стабилна

Сподели со своите пријатели

Стабилна е епидемиолошката состојба со Ковид 19 во Куманово, информираа денеска надлежните од Центарот за јавно здравје. Дневно, како што посочија, се прават околу 60-тина тестови.

Loading...

– Главно се тестираат македонски државјани, преку „Мој термин“, тестираме пациенти и за општата болница. Засега состојбата е стабилна. Апелираме да се почитуваат препораките. Граѓаните во екот на забави, прослави малку подзаборавија на мерките. Добро е повозрасните, хроничните болни да држат дистанца и во турканици и во затворени простории да носат маски, изјави директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Ариф Љатифи.

Лабораторијата на Центарот за јавно здравје Куманово дневно може да направи и до 400 тестови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поголемо присуство на полицијата и разговор со учениците за да се спречат меѓуетнички тензии (ВИДЕО)

Според податоците на Министерството за здравство, во Куманово заедно со соседните Старо Нагоричане и Липково, активни во моментов се околу 200 лица.

МИА