Епидемија на салмонела во САД поради краставици

Сподели со своите пријатели

Контаминираните краставици би можеле да бидат причина за 162 инфекции со салмонела, објави американската Администрација за храна и лекови (ФДА) додека истражува дали консумирањето краставици довело до зголемување на случаите на салмонела низ целата земја.

Loading...

Имено, 54 лица се хоспитализирани, а не е регистриран ниту еден смртен случај, пренесува NBC News.

Производителот на краставици рече дека ги повлекол производите од продажба.

– Наш приоритет е безбедноста на клиентите. Додека ги чекаме резултатите од тестот за нашиот отповикан производ, ние сме во постојана комуникација со здравствените власти, соопшти „Fresh Start Produce“ со седиште во Флорида.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп не сака дебата за Харис додека таа не биде формален кандидат

На некои од тестираните краставици била пронајдена салмонела, поради што властите ги повлекле од полиците.

Во тек се дополнителни испитувања за да се утврди дали се работи за истиот сој на салмонела од кој заболуваат граѓаните.

ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), исто така, го истражуваат избувнувањето на салмонелата Braenderup, со 158 случаи во 23 држави, за кои ФДА рече дека можеби се поврзани.

– Двете епидемии споделуваат неколку сличности, вклучително каде и кога се појавиле болестите и демографијата на засегнатите – наведува ФДА.

Loading...