Енергетската криза инаксира огромни трошоци на „Водовод“, 140.000 евра сметка за струја за јануари

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Водовод“ од Куманово е пред огромни финансиски трошоци поради енергетската криза со која се соочува државата.

Loading...

Како што беше истакнато на денешната седница на Советот на Општина Куманово, цената на струјата е покачена за рекордни 350 отсто, што носи милионски сметки за претпријатието.

– Цената на струјата е покачена за 350% и тоа нема да биде проблем само во Куманово, туку во цела Македонија. И ние како ЈП „Водовод“ преку ЗЕЛС и АДКОМ поднесовме иницијатива да се прогласи криза во водоснабдување на територија на цела држава и државата да ги покрие трошоците за електрична енергија кои од јануари ќе бидат енормно зголемени, вели Оливер Стојмановски в.д. директор на ЈП „Водовод“.  

Како што појасни Стојмановски, претпријатието во септември платило околу еден милион денари за струја, веќе следниот месец сметката скокнала на 2,1 милиони, а за јануари се очекува да пристигнат рекордни 8,6 милиони денари или околу 140.000 евра.

 

 

Како што рече директорот, сето тоа ќе значи помалку пари за инвестиции во реконструкција или изградба на нова водоводна мрежа. Појасни дека голем од развојната програма најверојатно нема да може да се реализира.

Loading...

Енергијата и работата на советот, како што рече Валентина Младеновска претседателка на Комисијата за финансирање и буџет, треба да биде насочена кон енергетската криза која ќе има реперкусии врз работењето на сите јавни претпријатија.

– Мислам дека нашата енергија и работа во советот треба да ја насочиме за надминување на реалните проблеми пред кои сме ставени сите поради енергетската криза и цените на енергенсите кои поскапеа, струјата и гасот, кои ќе имаат дополнителни реперкусии така да би сакала да се надевам дека оваа програма ќе биде реализирана, но ако сме свесни за состојбата во која се ноаѓа и Македонија и светот тешко дека нешто од оваа инвестициска програма ќе се реализира за жал, рече таа.

 

 

Инаку според програмата за 2022 година се очекува да се изврши реконструкција на водоводната мрежа на улиците „Иван Милутиновиќ“ и „Славиша Вајнер“, а претпријатието треба да добие нов ровокопач и одредена нова механизација.

Како што беше истакнато од страна на директорот Оливер Стојмановски, а на прашања од советниците од ДУИ, анализи на вода се вршат секојдневно.

Лабораторијата на „Водовод“ го испитува квалитетот на секои два часа од 12 пункта во градот, два пати неделно се доставуваат анализи и до Центарот за јавно здравје и неколку други институции во Скопје.

Loading...

Никола Ивановски