Емирот на Катар: Против нас се води невидена кампања

Сподели со своите пријатели

Емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани јавно го изрази своето незадоволство од односот на медиумите кон неговата земја пред Светското првенство.

Loading...

Шеик тврди дека тој и неговата земја се жртви на лаги, односно критики зад кои се кријат некои подлабоки мотиви.

„Откако ни беше дадена честа да бидеме домаќини на Светското првенство, Катар е жртва на невидена кампања со која ниту една земја во историјата не се соочила“, рече тој во својот говор 26 дена пред почетокот на големото натпреварување.

„На почетокот критиките ги сметавме за добронамерни, но јасно е дека тие достигнаа жестокост што ретко кој го разбира, како што не се јасни ниту мотивите зад таа кампања.

„На овој шампионат ќе покажеме кои сме како нација, нашата силна економија и институции и цивилизациски идентитет. Ова е голем тест за нашата земја. Ќе се обидеме да го воодушевиме светот“, додаде катарскиот владетел.

Инфантино: Ова ќе биде најдоброто Светско првенство досега

Катар е крајно конзервативна земја каде на некои луѓе им се ускратени основните човекови права.

На пример, хомосексуалноста е забранета со закон. Организаторите беа критикувани поради лошиот однос кон странските работници.

Како што објави „Гардијан“, илјадници луѓе ги загубија животите на лошо организирани градилишта, работејќи во нехумани услови.

Loading...

И покрај се, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино рече дека Светското првенство во Катар ќе биде „најдоброто досега“.

Натпреварувањето започнува на 20 ноември.