Експлозија во Мариупол: Разнесен автомобилот на началникот на полицијата

Сподели со своите пријатели

Полковникот Едуард Басурин за РИА Новости изјави дека автомобилот на началникот на полицијата Михаил Москвин денеска бил кренат во воздух во Мариупол.

Loading...

„Денеска имаше обид за атентат врз началникот на полицијата во Мариупол, но тој преживеа. Разговарав со него, доби благ потрес на мозокот“, рече тој.

Според дописникот на РИА Новости, на Москвин не му била потребна хоспитализација.

Форензичарите во моментов се на терен.

Како што изјавил за агенцијата еден од полицајците, бомбата поставена под автомобилот на началникот на МВР на ДНР експлодирала во моментот кога тој бил во близина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но Русите се сомневаат во движењето на украинскиот отпор.