Експлозија во центарот на Токио, најмалку три лица повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица се повредени денеска во експлозија во зграда во центарот на Токио, соопшти полицијата, пренесува агенцијата Кјодо.

Loading...

Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат пожар на вториот кат од зградата и парчиња стакло расфрлани на улицата, според националниот радиодифузер NHK.

Ројтерс јавува дека очевидците рекле дека почувствувале мирис на гас пред експлозијата, додавајќи дека пожарот не се проширил.

Експлозијата се случила во дел од градот каде се наоѓаат бројни деловни канцеларии и ресторани.