Експлозија и пожар во руска фабрика која произведува авионско гориво (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во руската област Башкирија, експлодираше цевковод за гориво во петрохемиската фабрика Стерлитамак, при што беа повредени три лица.

Loading...

Пожарникарите веднаш излегле на терен и го ставиле пожарот под контрола, соопштија руските служби за итни случаи.

Се појави и видео од експлозијата.

 

 

Не е познато што го предизвикало инцидентот.

Фабриката, која се наоѓа на 1.500 километри источно од Москва, произведува гума и високооктански адитиви за гориво и авионско гориво.

Loading...

Руската државна новинска агенција Интерфакс објави, цитирајќи локални официјални лица, дека производството продолжува и покрај пожарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Русија разменија воени заробеници