Екипата на ”Босс – М” – победник на турнирот во мал фудбал ”Видовдан 2015” (видео)

Сподели со своите пријатели

На спортските терени на локалитетот ”Соколана”, вчера заврши петнаесетото издание на турнирот во мал фудбал ”Видовдан 2015”.

Loading...

И ова година се пријавија 16 екипи поделени во четири групи, а целта ни беше да се дружиме, и низ спортска манифестација, да го прославиме најголемиот празник на Србите, празникот Видовдан, вели Горан Зафировиќ, претседател на регионалната канцеларија на Српската заедница во Македонија од Куманово.

Екипит на Форшпед и Здравје Радово, вчера се бореа за пласман за трето место, при што со резултат 4:2 за Форшпед, екипата заврши како третопласирана, соопшти Зафировиќ.

Во фер и спортска борба, победник на турнирот за ова година е екипата на ”Босс – М” кои го совладаа тимот на Хотел Хармонија.

Пред самото финале, се одигра и ревијален натпревар помеѓу ветераните на ФК Вардар и ветераните на Српската заедница, при што екипата на Вардар покажа дека нивните играчи се сепак подобри, победувајќи со резултат 3:2.

 

Loading...

За најдобрите три екипи беа доделени пехари и медали, но и пехари и пригодни награди за најдобриот играч, стрелец и голман.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.