Портпаролот на Европската комисија Петер Стано денешното руско бомбардирање на Киев го оцени како ескалација на конфликтот.
– Ова претставува ескалација, таргетирање на цивилни објекти значи дополнителна ескалација. И тоа по лажни референдуми и нелегална анексија, рече Стано на редовниот брифинг на Европската комисија.
Тој додаде дека за ескалацијата придонесуваат и изјавите на белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој неодамна најави заеднички руско-белоруски трупи.
Стано вели дека доколку овие војници станат реалност, тогаш секако ќе следи одговор од Унијата.
Портпаролот најави и дека во ЕУ веќе започнале разговорите за новиот деветти пакет санкции против Русија. Не потврдува кои се новите санкции, но вели дека се е на маса.
На прашањето за обвинувањата на Москва дека камионот што експлодира на мостот на Крим е од Бугарија, земја-членка на ЕУ, Стано вели дека се внимава на изјавите од Москва кои, според него, немаат никаков кредибилитет.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.