ЕК: Потребно е подетално објаснување за откажувањето на Европрајд

Сподели со своите пријатели

Европската комисија внимателно ќе го следи прашањето поврзано со откажувањето на Европрајд во Белград, изјави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро за „Европски Западен Балкан“, додавајќи дека ЕУ се надева дека ќе се најде начин за негово мирно и безбедно одржување.

Loading...

Жалиме што Србија најави дека ќе го откаже или одложи Еуропрајд, кој според претходна одлука требаше да се одржи во септември во Белград и сметаме дека е потребно подетално објаснување за таквата одлука“, најави Писонеро.

Таа изјави дека ЕУ ја поддржува еднаквоста и отфрла секаков вид на дискриминација.

За ЕУ правата на ЛГБТК+ се основни човекови права, а од Србија како партнер се очекува да ги почитува тие права.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година.

Според неа, Europride со години се залага за еднакви права на LGBTQ+ заедницата низ Европа, давајќи им глас на оние кои често се дискриминирани поради нивната сексуална ориентација.