Едноставно правило кое засекогаш би можело да го спречи сообраќајниот колапс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден јапонски инжинер тврди дека засекогаш би можел да го реши проблемот со сообраќајниот метеж при „шпицови“ со промена на навиките на само осум возачи.

Професорот од Универзитетот во Токио Катсухиро Нишанари ја проучува математиката на сообраќајните залагувања, дисциплината која сака да ја нарече „јамологија“.

Тој рекол дека посто едно правило кое метежите би ги направило минаато, и тоа не само на патиштата. Кога е во прашање задушувањ екај пешаците, пешачките патеки би требало да имаат поспора лента за постарите лица, пренесува Дејли Телеграф.

Професрото рекол дека многу можеме да научиме од инсектите, затоа што „мравките никогаш немаат сообраќаен метеж“.

Тоа е затоа што никогаш не кочат, а ланчаната реакција при кочењето е проблем.

– Луѓето се трудат секогаш да возат што побрзо. Кога тоа го прават, доаѓа до мало расојание помеѓу нив и возилата напред и тогаш се јавуваат метежи, рекол професорот.

 

Loading...
高速道路 ハイウェイ

 

За разлика од луѓето, мравките, според неговите зборови, секогаш држат одредено растојание помеѓу себе и мравката напред.

– Метежот е некој вид на бран во спротивна насока од правецот на движењето. Брановите исчезнуваат поради кочењето, но доколку постои растојание, следниот автомобил не мора да кочи и овие бранови се растеретени помеѓу автомобилите, рекол тој.

Земајќи ја инспирацијата од константното растојание помеѓу индивидуални мравки, Нишинари рекол дека возачите би требало да го направат истото. Помеѓу воачите треба да постои разлика од 40 метри и повеќе.

ПОСПОРО Е ПОБРЗО

Поголемиот дел од агенциите за патишта ги советуваат возачите да држат најмалку две секунди одалеченост помеѓу автомобилите, но многу возачи оставаат и помалку.

Ако возите со брзина од 60 километри на час, разликата од две секунди изнесува растојание од 34 метри помеѓу автомобилот.

Според тоа, растојанието од три секунди е доволно да се избегне задушување.

Што е помала брзината, потребно е повеќе време за празнина од најмалку 40 метри. Својата теорија ја тестирал на нафрекфентниот јапонски автопат.

– Околу 16 часот таму има околу 10 километри сообраќен метеж. Баравме од осум возачи да држат растојание и да се движат постпоро од останатите автобмоили и беше неверојатно. Со само осум автомобили метеж не се направи цели 40 минути. Кога тоа би го правеле сите автомобили, метеж веројатно не би постоел никогаш, објаснил тој.

Според неговите зборови, ако успориме, значи дека ќе забрзаме.

– Поспоро е побрзо, тоа е голема точка на јамологијата, рекол тој.

ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ЛУЃЕТО САКААТ ДА ВОЗАТ БРЗО

Според едно истражување, мажите возачи сакаат да возат побрзо затоа што веруваат дека се посигурни возачи, додека жените забрзуваат затоа што другите автомобили околу нив возеле преку ограничувањата.

Тој има уште порадикални решенија ког е во прашање намалувањето на густата мобилност кај пешаците.

Едното решение подразбира создавање пречки на патеките за луѓето. Тоа се заснова на истата теорија дека поспорото движење ќе ги спаси луѓето.

– Кај пешаците проблемот е тесното грло. На скалите и улиците имам метежи луѓе и она што го открив е дека ако имате пречки пред излезот, тоа ќе го направи преминот подобар. Ако сте во воз ис тавите столб на средината на излезот, тогаш луѓето ќе успорат, а тоа ќе го намали и конфликтот помеѓу нив, а одливот од возот ќе станува лесен, објаснува тој.

Ставањето пречки би го зголемило протокот на луѓет за околу 10 отсто.

ДА СЕ РАЗДЕЛАТ ЛЕНТИТЕ НА ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ

Според мислењето на професорот Нишинари, треба да се разделат пешачките патеки, така да бидат посебни за велосипедистите, млади и постарите луше.

Тоа, како што вели, ќе овозможи на секоја група да го оптимизира сопствениот пат и да одржува брзина различна од конзистентната група, што е клучен фактор во спречувањето на доцнењето.

Додека сетоа тоа не се случи, професорот советува да успорите и да држите растојаие. Ако само осум луѓе тоа го направиле, можеби сите ќе успееме да стигнеме на време на работа и со помалку стрес.

Leave a Reply