Еден од основачите на Андроид пронајден избоден на улица

Сподели со своите пријатели

Боб Ли, основачот на мултимилијардерската технолошка компанија Cash App, беше избоден до смрт во вторникот пред центарот на Сан Франциско, потврди неговото семејство.

Loading...

Полицијата пронашла 43-годишен маж со убодни рани, му укажала прва помош, но тој подоцна починал во болница.

Познати се и страшните детали за времето по неговата повреда, кога се обидувал да најде некој да му помогне.

Сан Франциско Стандард ги пресоздаде последните минути од неговиот живот.

Полицијата дојава за повредата добила во вторник околу 2:35 часот по локално време.

Сан Франциско Стандард објави дека камерите за надзор го покажуваат Ли како оди по празна улица, очигледно барајќи помош.

Додека со едната рака се држи за колкот, со другата го држи мобилниот телефон и се обидува да повика 911.

„Помош! Некој ме избоде со нож“, извика тој во телефонот.

Loading...

Зад него останува трага од крв. Се сопнува кон паркираната кола и ја крева кошулата за да ја покаже раната. Но, возилото се оддалечува, а Ли паѓа на земја. Потоа стана, уште еднаш се оддалечи и повторно падна.

Полицијата го открила како онесвестен во населбата Ринкон Хил со две убодни рани во градниот кош на помалку од шест минути по повикот.

Таткото Рик Ли потврди дека неговиот син е убиен. Во средата тој на Фејсбук напиша: „Само што го изгубив мојот најдобар пријател. Мојот син Боб Ли го загуби животот на улиците на Сан Франциско во вторникот наутро“.

Брат Тим ​​Оливер Ли исто така се огласи на Фејсбук:

„Тој навистина беше најдобриот од нас. Имам голема среќа што пораснав со него. Се чувствувам како да сум изгубил дел од мене”, напишал братот.

Боб Ли живеел во Мајами, но останал во Сан Франциско на самитот, а во градот останал уште малку за да се види со пријателите, пишува Би-Би-Си.

Тој беше извршен директор на компанијата за криптовалути MobileCoin.

Тој е еден од креаторите на Android и основач на Cash App, апликација која им овозможува на луѓето да разменуваат пари преку паметни телефони.

Loading...

Според Форбс, таа вреди 40 милијарди долари.

Неговата смрт ја коментираше и Илон Маск, кој се осврна на бранот насилство во Сан Франциско.

„Насилните злосторства се ужасни. Дури и кога напаѓачите ќе бидат фатени, тие веднаш се ослободуваат“, напиша тој.

Полицијата сѐ уште не идентификувала осомничен и не уапсила никого во овој случај. Не е познато дали Ли бил цел или жртва на случаен напад.