Британските медиуми денеска објавија дека поранешниот премиер Борис Џонсон би можел да му се врати на новинарството по долги години политика.
Џонсон наводно изразил интерес за предлогот на менаџментот на медиумската групација во чија сопственост е весникот Телеграф да ја преземе функцијата главен уредник на весниците Телеграф и Спектатор, пишува лондонски Гардијан.
Иако сè уште нема договор или формални разговори, поранешниот конзервативен премиер на Велика Британија, наводно, се консултирал со својот поранешен министер за финансии, Надим Захави, кој имал прелиминарни, неформални разговори со раководството на медиумската компанија, сугерирајќи Џонсон да стане главен глобален уредник на Телеграф,, доколку понудата од друга страна е прифатлива.
Џонсон моментално пишува колумна за Дејли Меил, иако има долги врски со Телеграф, каде ја започна својата кариера како истакнат новинар од Брисел пишувајќи критики за правилата на ЕУ, пред да се врати во Велика Британија за да стане политички колумнист и конечно да влезе политиката.
Захави првично беше вклучен во разговорите за иднината на Телеграф како посредник помеѓу RedBird IMI, конзорциум поддржан од Обединетите Арапски Емирати и семејството Баркли.
Меѓутоа, на преземањето на овој весник, кој се смета за внатрешен билтен на Конзервативната партија, жестоко се спротивставија многу конзервативни пратеници и новинари, наведувајќи дека во ОАЕ се нарушува слободата на печатот.