Џамијата во Куманово се дезинфицира – нема повеќе престој за мигранти

Сподели со своите пријатели

Џамискиот одбор во Татар Синан бегова џамија во Куманово, од денес со одлука на ИВЗ, ги затвора просториите за престој на мигранти од Блискиот Исток.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”85″]

 

Причина за затворање на просториите како што велат од одборот е чествувањето на светиот месец Рамазан, односно, во услови на голем бран на бегалци, џамијата е немоќна да стори нешто повеќе за овие луѓе.

Во текот на една недела, џамијата пречека и вдоми над 3000 мигранти, деца, жени и средновечни мажи кои во услови на нелегален статус во Македонија, засолниште побараа во просториите на џамијата.

Одборот на џамијата денес повика на одговорност од страна на надлежните хуманитарни организации и државата.

Со затворањето на џамијата за престој на мигранти, се отвара нов проблем, велат познавачите на приликите, со оглед на фактот што на граничниот премин Табановце засега нема адекватни шатори и засолништа за бранот бегалци, земајќи во предвид дека српската полиција врши засилени контроли на граничниот појас и не дозволува 24 – часовен влез.

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.