Движењето ‘Има иднина” дебатираше на градскиот плоштад во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Невработеноста и иселувањето се главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Куманово, а особено младите кои се` почесто го напуштаат градот – беше констатирано на вчерашниот интерактивен дијалог со граѓаните, што во организација на политичкото движење ”Има иднина” се одржа на градскиот плоштад во Куманово.

Loading...

dijalog5

Владимир Лазаревиќ, во улога на претседател на здружението, Горан Митевски, поранешен директор на УБК и Владимир Станинов, адвокат, во улога на дискутанти на вчерашната дебата ја посочија партизираноста на државните институции и нефункционирањето на правната држава како едни од најголемите проблеми со кои се соочува македонското општество.

dijalog6

Дијалогот се одвиваше на тркалезни маси на отворено, каде граѓаните имааа можност да расправаат за клучните проблеми со кои се соочуваат во овој период. Освен што ги поставија најважните проблеми, дискутантите нудеа можни решенија за надминување на ваквите состојби. Дијалогот го модерираше независниот аналитичар и граѓански активист, Суад Мисини.

– Ние сме многу задоволни од одѕивот на граѓаните и нивната одважност да се вклучат во нашата дебата. Ваков пристап на директна комуникација и вклучување на граѓаните во решавање на актуелните проблеми е нов за Македонија. Ние преку овој отворен пристап, на јавни места, имаме за цел да ги охрабриме граѓаните да го дадат својот придонес кон подоброто утре за сите нас, вон стегите на политичките партии – изјави Владимир Лазаревик, претседател на движењето Има иднина.

Проектот Дијалог со граѓаните на ”Има иднина” ќе продолжи и во другите градови во Македонија.