Две тела пронајдени во изгорен автомобил во Шведска

Сподели со своите пријатели

Шведската полиција пронашла две тела во опожарен автомобил изнајмен од британски државјанин.

Loading...

Возачот и сопатникот, кои од Данска преминале во градот Малме на југот на Шведска, биле застрелани во неделата, пишува весникот „Афтонбладет“, а пренесува Гардијан.

Во индустриската област во Малме е запалена автомобил Toyota RAV4, која била изнајмена на аеродромот во Копенхаген.

Познато е дека автомобилот го изнајмил државјанин на Велика Британија, а шведскиот форензички тим работи на идентификација на жртвите.

Полицијата одби да коментира дали убиствата се поврзани со групно насилство во Шведска, но Интерпол наводно е вклучен во истрагата бидејќи жртвите ги преминале меѓународните граници за време на нивните патувања.

Во последниве години, Шведска бележи зголемување на насилството меѓу криминалните банди кои се борат за шверц со оружје и дрога, а, според Гардијан, Шведска има втора највисока стапка на смртност од криминал со оружје во Европа, по Албанија.

Во 2022 година во Шведска имало 391 престрелка, од кои 62 биле фатални, пренесува Танјуг.