Две сребра за КБК Куманово во Србија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Два сребрени медали освоија кик боксерите на КБК Куманово на меѓународниот турнир „Balkan Best Fighters 2022″ кој се одржа во Ниш, Србија.

Loading...

Лука Велковски во финалето беше поразен на поени од Мишо Воркапиќ од Србија, додека Јосиф Илиевски беше поразен од Лука Стефановски од КБК Скопје.

 

 

Иако прикажа добра борба на крајот загубија во финалето и се закитија со сребрени медали

На турнирот беше пријавен и Марко Бошковски, но поради повреда не настапи.

– Турнирот беше доста квалитетен така да сум задоволен од резултатот. Ова ние е последен турнир за 2022 година, во која настапивме на државни превствена во Скопје, Балканско првенство во Краљево, меѓународни турнири во Белград, Ниш, Тешањ и освоивме доста медали, изјави Сашо Илиевски, тренер на КБК Куманово.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Старо Нагоричане до 9 часот?

 

 

Илиевски очекува и следната година да биде успешна.

– Благодарност до Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски, претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко кои ни помогнаа во оваа сезона, додава Илиевски.

Инаку на турнирот во Србија учество зедоа над 500 натпреварувачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Бугарија, Црна Гора.

Македонските клубови дома се вратија со дури 118 медали со што се и најтрофејни и најбројни учесници на натпреварот.

 

Loading...

Никола Ивановски