Две лица, од кои едно потешко, биле повредени во сообраќајка што вчера се случила на магистралниот пат Куманово – Свети Николе.
– На 27.10.2022 во 01.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај селото Доброшане, мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од село Доброшане, излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен малолетен сопатник од селото Доброшане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски