Данската полиција во средата објави дека истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во северните предградија на Копенхаген.
„Никој не е повреден и ние спроведуваме првична истрага на местото на настанот“, објави полицијата во Копенхаген на платформата на социјалните мрежи Х.
„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада лоцирана во областа“, велат тие.
Според извештаите на локалните медиуми, голема површина била опколена со силно полициско присуство, пренесува Јутарњи.
Инспекторите биле видени во комбинезони додека го чешлале местото на настанот за докази, објави весникот Б.Т.
Израелската амбасада не беше веднаш достапна за коментар.
In der Nähe der israelischen Botschaft in Kopenhagen hat es zwei Explosionen gegeben. Der dänischen Polizei zufolge gibt es keine Verletzten. https://t.co/8yAMggyiZ1
— Jüdische Allgemeine (@JuedischeOnline) October 2, 2024