Две деца и жена повредени во три сообраќајки вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца малолетници и една жена биле повредени во три различни сообраќајни незгоди вчера низ Куманово.

Loading...

Во првиот случај околу 09:30 часот „фоксваген“ удрил во педесет и едногодишна кумановка.

– На 26.07.2024 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Страшко Симонов“ во Куманово, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(31) од Скопје удрило во пешакот Ј.Ј.(58) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ј. констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Втората сообраќајка се случила вчеравечер околу 20 часот, а повреден бил малолетник кога го удрило „бмв“.

– На 26.07.2024 во 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Драги Шутевски“ и ул.„Романовска“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(46) удрило во малолетен пешак, двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Куманово, стои во полицискиот билтен.

Нецели два часа подоцна прегазен бил уште еден малолетник, повторно од возач на „бмв“.

– На 26.07.2024 во 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ш.М.(27) од Куманово, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Куманово, информираат од МВР.

Никола Ивановски

Loading...