Двајца загинати, 9 повредени во пожар во зграда во Фленсбург

Сподели со своите пријатели

Еден возрасен и едно дете загинаа во голем пожар во станбена зграда во Фленсбург на северот на Германија, изјави портпаролот на полицијата за агенцијата ДПА.

Loading...

Во пожарот се повредени девет лица, додаде портпаролот.

Засега не се знае што го предизвикало пожарот во зградата во која според полицијата живеат четириесетина лица.

Не е познато ниту колку луѓе имало во зградата кога избувнал пожарот.