Двајца во притвор, еден во куќен притвор и еден со мерки на претпазливост за групата од Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца од осомничените од Куманово во истрагата за злосторничко здружување, перење пари и изнуда добија притвор до 30 дена, едно лице е ставено во куќен притвор, додека за четвртиот осомничен се определени мерки на претпазливост, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Станува збор за истрагата што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против четири лица, за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружување со цел вршење кривични дела перење пари и изнуда.

По сослушувањето на осомничените, во присуство на нивните бранители, судијата на претходна постапка ги прифатил предлозите на обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Матичар од Липково впишувал фиктивни бракови на странски државјани

Притвор во траење до 30 дена им е определен на Д.П. и М.К., поради опасност од бегство, можност за повторување или довршување на кривичното дело, како и опасност од попречување на истрагата преку влијание врз сведоци.

За осомничениот Л.К. е определен куќен притвор, додека на Д.Ж. му е одземена патната исправа и му е изречена забрана за издавање нова патна исправа, односно забрана за преминување на државната граница.

Со предлогот на обвинителството било опфатено и петто лице, кое во моментов е недостапно за органите на прогонот.

Против решенијата на судијата на претходна постапка странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почна асфалтирањето на „Моша Пијаде“ во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски