Двајца мажи пронајдени мртви во Неапол: Се истражува дали случаите се поврзани

Сподели со своите пријатели

Двајца мажи се пронајдени мртви денеска во Неапол со прострелни рани, а во тек е истрага дали овие два случаи се поврзани, јавуваат италијанските медиуми.

Loading...

Првиот човек е пронајден во возило со повеќе прострелни рани во населбата Марано, додека вториот на патот во населбата Камалдоли, пренесе Анса.

Карабинерите се на лице место, а истрагата не ја исклучува можноста да се работи за убиство и самоубиство.

Како што пренесува локалниот весник „ИнтерНаполи“, поранешниот сопруг со неколку истрели ја убил сегашната партнерка на сопругата, а неговото тело било пронајдено во автомобил БМВ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезна вториот највисок генерал на кинеската армија

Како што пишува весникот, тој со скутер следел маж во автомобил, а откако го убил, избегал од местото и си го одзел животот во предградието Камалдоли.