Два земјотреси со јачина од 4,5 и 5 степени утрово го погодија Санторини

Сподели со своите пријатели

Два земјотреси со јачина од пет и 4,5 степени го погодија грчкиот остров Санторини, соопшти утринава Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Loading...

Земјотресот со јачина од 4,5 степени според Рихтер го погоди 30 километри североисточно од градот Фира на Санторини во 9:11 часот.

Неколку минути подоцна, во 9:16 часот, земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погоди 12 километри североисточно од Фира.

Грчката влада вчера прогласи вонредна состојба на Санторини, откако островот во Егејското Море беше погоден од серија земјотреси во последните денови, што предизвика евакуација на повеќе од 10.000 жители и туристи, пренесува Танјуг.