Два случаи на семејно насилство пријавени вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Два случаи на семејно насилство биле пријавени вчера во Куманово, а во двата случаи жртви биле жените.

Loading...

Во првиот случај триесет и двегодишник бил приведен по пријава дека ја нападнал својата сопруга.

– На 01.05.2025 година во 18.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Куманово, затоа што истиот ден, околу 17.00 часот физички ја нападнал неговата сопруга. М.Д. бил приведен во полициска станица, велат од полицијата.

Во вториот случај, 44-годишна жена пријавила дека била нападната од својот невенчан сопруг.

– На 01.05.2025 година во 21.40 часот во СВР Куманово, 44-годишна жена од Куманово пријавила дека во нивната семејна куќа по претходна вербална расправија била физички нападната од страна на нејзиниот невенчан сопруг Б.Р., велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Какво време носи првиот мајски викенд во Куманово?

Како што додаваат од Секторот за внатрешни работи, се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Никола Ивановски