Дуда му даде мандат на Моравјецки да ја формира новата полска влада

Сподели со своите пријатели

Полскиот претседател Анджеј Дуда му даде мандат на Матеуш Моравјецки да формира нова влада.

Loading...

Дуда за време на церемонијата најпрвин ја прифати оставката на владата, која се очекуваше по парламентарните избори и веднаш му наложи на Моравјецки да формира нов министерски кабинет, пренесува ПАП.

Владејачката партија Право и Правда освои 194 пратенички места во Долниот дом на Парламентот (Сејм), додека опозицискиот сојуз на проевропските партии, на чело со Доналд Туск, освои 298 места.

Според Уставот на Полска, назначувањето на премиерот не е можно без гласање за доверба на Сејмот.

Доколку Моравјецки не го добие мнозинството гласови, парламентот може да предложи нов кандидат, кој најверојатно ќе биде Туск, бидејќи не се очекува Моравјецки да го добие потребното мнозинство.

Во случај Сејмот да не одобри друг кандидат, претседателот има право да предложи трет кандидат.