Иранскиот државен обвинител Мохамед Џафар Монтазери директно денеска го обвини поранешниот припадник на американската разузнавачка агенција ЦИА, Мајкл Андре, дека е „главен организатор“ на протестите во иран.
Монтазери рекол дека операцијата била подготвувана четири години, во блиска соработка со Израел и Саудиска Арабија, пренесува иранската агенција IRNA.
Како наведува АП, Монтазери рекол дека ЦИА планирала протестот да го претвори во вооружен бунт до средината на февруари, кога е годишнината на Исламската револуција од 1979 година.
Администрацијата на Трамп негира вмешаност во протестите, а ЦИА одбива да ги коментира наводите.
Неименувани лица од администрацијата на САД рекле дека протестите настанале сосема спонтано, пренесува АП.