Триесет и седумгодишник од Канада бил приведен ноќва во центарот на Куманово откако полицијата кај него пронашла археолошки артефакт.
– На 28.08.2026 во 00:30 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.А.С.(37) од Канада, затоа што кај него бил пронајден и одземен археолошки предмет (артефакт), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

