Голем пожар избувнувал вчера во атарот на селото Жегљане во општината Старо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Околу 15:18 часот на терен излегле пожарникарите на Старо Нагоричане со две противпожарни возила, тројца пожарникари и пет полицајци.
Како што појаснуваат од РЦУК, горело стрниште, но биле опожарени и дрвја, бандери и пчели, а бил зафатен и дел од слама.
Пожарот бил локализиран дури во 21:30 часот.
Но, пожар имало и во селото Врачевце. Таму во период од 17:30 до 18:20 часот горела сува трева, при што интервенирала екипа на ТППЕ Старо Нагоричане.
Кумановските пожарникари пак интервенирале на пожарот во Агино село каде гореле стрниште и сува трева.
Утринава нема активни пожари во Куманово и Старо Нагоричане.
Никола Ивановски