Дрога пронајдена во Кочани, меѓу приведените тинејџер од Куманово

Сподели со своите пријатели

Тинејџер од Куманово е меѓу петте приведени лица кај кои полицијата вчера попладне пронашла и одзела дрога.

Loading...

– На 28.03.2025 околу 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ги лишиле од слобода О.С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани. Тие биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Продолжуваат дождливите денови

Како што додаваат од МВР, подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрс во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

– Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски