Дрога пронајдена во дом на кумановец, по него распишана потерница

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец се бара со потерница откако полицијата во домот му пронашла разни видови наркотици.

Loading...

– На 12.03.2025 во периодот од 07.15 до 08.15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, со судска наредба, извршиле претрес во домот на И.А.(43) од Куманово, кој не бил во домот. При претресот биле пронајдени прашкаста материја, жолта густа материја, игли и таблети, а по И.А. била  распишана потерница за негово пронаоѓање, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од Куманово нападнал малолетничка

Никола Ивановски