„Дрекслмаер“ донираше комби за Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Германската компанија „Дрекслмаер“ денеска донираше патничко моторно возило – комби, за потребите на Општина Куманово.

Loading...

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски упати благодарност на групацијата, која во повеќе наврати досега покажа дека е општествено одговорна компанија.

 

 

Loading...

– Самото возило поседува автоматска рампа за инвалидска количка и соодветен простор за транспорт на опрема и истото ќе биде ставено на располагање на здруженијата кои се грижат за ранливата категорија на граѓани, изјави градоначалникот.

 

 

Општина Куманово, додава Димитриевски, ќе продолжи да работи за обезбедување на повисоко ниво на инклузија во општеството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски