Драматична снимка од Грција ги прикажува размерите на епските поплави (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Грција се уште се бори со поплавите по невремето „Даниел“, а ситуацијата во моментов е многу тешка во долината на реката Темпа, чиј водостој е толку многу зголемен што достигна висина на висечкиот мост.

Loading...

Имено, градоначалникот на Темпа рече дека пешачкиот мост се уште се спротивставува на водата и изрази надеж дека така и ќе остане, пренесува Прототема.

Инаку, висината на овој мост е 18 метри.

 

 

Бројот на жртви се искачи на 14

Бројот на загинати од бурата Даниел во Тесалија се искачи на 14.

Loading...

Уште три лица се уште се водат како исчезнати во најголемата бура што ја погоди Грција во последните речиси сто години.

За време на повеќедневното невреме, уништени се куќи и мостови, од порои однесени патишта и мостови, а срушени се и далноводи. Многу животни загинаа, а посевите во плодната Тесалиска рамнина беа уништени.

Досега се евакуирани повеќе од 4.250 луѓе, соопштија властите.