Драма во Токио: Гори авион на аеродромо, евакурани 300 патници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На јапонскиот аеродром „Ханеда“ во Токио избувна пожар во авион на компанијата Japan Airlines, може да се види на снимката што ја објави државната телевизија NHK.

Loading...

Јапонската крајбрежна стража и Japan Airlines потврдија дека нивните авиони се судриле на пистата, пишува NHK.

Исто така, беше објавено дека летот JAL 516 на Japan Airlines полетал од островот Хокаидо и дека во него имало 379 патници.

Од компанијата велат дека сите патници биле успешно евакуирани, и дека нема повредени.

Како што пишува Би-Би-Си, во спасувачкиот авион имало шест членови на екипажот, а нивната судбина се уште не е позната.

Аеродромот во Токио привремено го прекина воздушниот сообраќај.

Несреќата се случи само еден ден откако Јапонија беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени.

Четириесет и осум лица загинаа, додека јапонскиот премиер Фумио Кишида вели дека има „трка со времето“ за спасување на преостанатите преживеани под урнатините.

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...