Драма во Лондон: Маж со самострел им се заканувал на луѓе, полицијата го уби

Сподели со своите пријатели

Неидентификуван маж починал утринава околу 5 часот откако бил застрелан од полицајци во југоисточен Лондон.

Loading...

Полицијата извести дека се работи за маж за кој се верува дека има околу 30 години, пренесува Sky news.

Убиениот бил вооружен со оружје, најверојатно самострел, и се заканувал дека ќе им наштети на жителите на адреса во Саутворк, Лондон.

„Мажот влегол во туѓ имот, по што полициските службеници реагирале и пукале“, соопштија од полицијата.

Полицајците и болничарите веднаш му укажале прва помош, на лице место, но мажот починал“, додаваат оттаму.

Двајца жители на домот Бајвотер Плејс се здобиле со полесни повреди за време на инцидентот.

„Локалните службеници се обиделе да разговараат со мажот, но по заканите биле повикани вооружени полицајци кои реагирале“, соопшти Метрополитен полиција.

„Испративме инспектори на местото на настанот и полицијата објави постапка за инцидент за да започне со собирање докази. Нашата истрага е во многу рана фаза“, рече портпаролот.

Loading...