Драма во Линц: Албанец со мачета упаднал во полициска станица, се заканувал дека ќе ги убие сите

Сподели со своите пријатели

Вистинска драма се одвивала во полициската станица во Линц, Австрија, кога 29-годишен Албанец во текот на ноќта упаднал со мачета во рацете.

Loading...

На присутните полицајци им се заканил дека ќе ги убие, а алармот за итност бил вклучен околу 03:00 часот.

Просторот автоматски бил заклучен од двете страни така што напаѓачот бил задржан во просторот, пишува Билд.

Тој на крајот бил совладан со тејзер.

Специјалните единици потоа успеале да го уапсат.

Мотивот не е познат.