Полицијата во Загреб која е надлежна за случајот со мигрантот кој е пронајден под автобусот на релацијата Белград- Загреб, соопштува дека не се работи за момче туку за 21-годишен маж.
– На 26 декември околу 16:30 часот на автопатот А3, на одморалитешто Криж, по дојава од возачот на автобусот, полициски службеници затекнале непознат странски државјанин без документи, се наведува во соопштението.
На странскиот државјанин му била пружена лекарска помош, но не биле утврдени повреди.
По денешните сознанија дека се работи за 21-годишен државјанин на Ирак во тек е проверка за утврдување на околностите на неговиот престој во Хрватска. Освен тоа полицијата потврдува дека истиот се уште се наоѓа во Хрватска.а
Loading...