Драги ја повика Европа да ја обработува целата достапна земја

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот премиер Марио Драги ја повика Европа да го „обработи целото расположливо земјиште“, што го смета за делумно решение за намалување на увозот на земјоделски производи, особено руска пченица, поради војната во Украина, пренесува АП.

Loading...

Драги потсети дека, според постоечките земјоделски практики во Европската унија, 10 отсто од земјиштето намерно е оставено необработено, но тоа мора да се промени за да се намали зависноста од увоз на земјоделски производи.

 

Гори складиште за нафта во Русија: „Украина нѐ нападна со хеликоптери“ (ВИДЕО)

 

Помош од Канада, САД и Аргентина

Не е познато дали Украина, еден од најголемите светски извозници на пченица, пченка и сончогледово масло, може да спаси нешто оваа сеидбена сезона, пишува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Драги очекува дека Западна Европа ќе побара од Канада, Соединетите Американски Држави и Аргентина да помогнат да се компензира недостатокот на увоз на храна од Украина и Русија.

Loading...