Дознајте зошто „елегантно пополнетите“ мажи се подобри љубовници

Сподели со своите пријатели

Пред да започнете да работите на новогодишната одлука конечно да ослабнете, можеби би требало малку да почекате.

Се испоставило дека дебелите мажи се многу подобри љубовници од своите слаби „колеги“ или така барем покажуваат две одвоени студии, а сега се открива и зошто.

Дарел Фримен, сакал да дознае што е тоа што жените го сакаат во спалната соба, па така анкетирал 2.544 жени кои пробале повеќе мажи, а резултатите биле изненадувачки.

Жените биле прашани за физиономијата на мажите по принцип кој е најдобар во кревет. „Мажите со вишок килограми“ бил најчестиот одговор и тоа на 38% од испитаните, додека атлетски градените мажи се на второто место со 21%.

 

Loading...

debeljuce-foto-ilyke-1450897656-810369

 

Тогаш, жените требале да одговорат и зошто баш дебелите, а имало два типа на одговори. Одговорите „изгледаат пожелни да ме задоволат мене, а не себе“ и „беа понежни и повнимателни“ добиле 42% од гласовите, секој од нив.

Фримен вели дека открил и факт дека тоа што жените повеќе сакаат секс со подебели мажи само оди на рака на тоа дека надуваните мускули повеќе не се она што е најважното да се има во внатрешноста на човекот.

 

debeljuce-foto-ilyke-1450897791-810371

 

До сега веројатно размислувате „Супер, тоа е доволна причина да останам ваков каков што сум“. Но, има уште нешто. Друга студија која е направена во Турција пронашла уште нешто интересно.

Истражувачите сакале да дознаат која е корелацијата измеѓу индексот на тежината и сексуалниот перформанс. Испитале над 100 мажи со сексуална дисфункција и 100 мажи со здрав сексуален живот.

Дебелите мажи се поиздржливи во креветот. Нивното просечно време на секс е измеѓу 7,3 минути во споредба со 2 минути кај слабите мажи.

 

debeljuce-foto-ilyke-1450898350-810385

Loading...

 

Анктетата открила и дека слабите мажи почесто имаат прерана ејакулација за разлика од елегантно пополнетите. Изгледа дека жените во првата анкета знаат за што се одлучуваат.

Значи, доколку имате вишок килограми не бидете строги кон себе. Барем сте подобри во сексот од послабите пријатели. А, дококу сте жена, започнете да барате подебел маж со кој ќе уживате во сексот.