Донацијата на борбени авиони за Киев може да им се исплати на Словаците

Сподели со своите пријатели

Одлуката на Словачка да донира 13 од своите МИГ-29 на Украина ќе ѝ се исплати на таа земја многукратно.

Loading...

За возврат ќе добијат оружје во вредност од повеќе од милијарда долари од САД со неверојатен попуст.

Американската понуда вклучува 12 јуришни хеликоптери „Bel AH-1Z Viper“ со дополнителна опрема и обука и 500 ракети „AGM-114 Hellfire II“.

Вистинската цена е повеќе од една милијарда долари, но Словачка сето тоа може да го добие за околу 340 милиони, на рати, пренесува „Јутарњи лист“.

Одлуката да се прифати понудата на Вашингтон сѐ уште не е донесена, напиша во средата словачкиот премиер Јарослав Над на Фејсбук.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Предлогот е поддржан од владејачките партии, а дека ќе го поддржат и опозициските партии.

Словачката новинска агенција ТАСР објави дека поранешниот премиер, социјалдемократот Петер Пелегрини, рече дека понудата е „економски поволна“ и дека ќе помогне во модернизацијата на воздухопловните сили.

Партијата на левиот центар на Пелегрини, како и другите опозициски партии, претходно го критикуваа фактот дека малцинската, привремена влада на која ѝ беше изгласана недоверба во декември, одлучи да и даде навестување на Украина со заобиколување на парламентот.

Loading...

По Полска, Словачка е втората земја која објави дека ќе испрати воени авиони во Киев.

Словачкиот возен парк Миг 29 беше „пензиониран“ минатото лето и повеќето од нив не се во оперативна состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Оние што работат ќе ги испратат, а останатото ќе го користат за резервни делови.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.