Доларот ослабе, цената на нафтата во пораст

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.

Loading...

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,80 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,55 на 151,70 јени, блиску до највисокото ниво во една година.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0695 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0690 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија најавува суспензија на ТикТок

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,21 отсто, на 82,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 78,40 долари.