На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката со валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 101,25 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 101,63 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 145,30 на 143,55 јени.
Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1080 долари, додека вчера во ова време беше 1,1055 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,30 отсто, на 72,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,30 отсто, на 69,40 долари.