Доктори помагаа на мигранти сместени во кумановската џамија (фото)

Сподели со своите пријатели

Бранот на мигранти кои транзитираат низ Македонија најчесто сопира во околината на Куманово и општина Липково, во обид мигранитите да ја напуштат државата.

Loading...

Иако полицијата деновиве спроведе масовна акција за чистење на с. Ваксинце од мигранти наводно држени во заложништво, деновиве се` поизразено е присуство на мигранти, најчесто од Сирија кои побараа засолниште но и медицинска нега во просториите на кумановската џамија која се наоѓа на неколку метри од СВР Куманово.

Како што информира Куманова Сот, во текот на вчерашниот ден, тим од лекари и медицински сестри волонтерски се упатиле во џамијата за да пружат нега на истоштените мигранти кои пешачат од влезот во Македонија од грчка страна.

Доктор Зекирија Шаини и Реџеп Етеми, како и Рабије Мустафи, заедно со неколку медицински сестри им помогнаа на мигрантите во преврзување на раните здобиени од пешачење, како и во давање соодветна терапија, со оглед дека мигрантите се дехидрирани од големите жештини што ја зафатија Македонија деновиве.

Loading...

Бегајќи од дома, меѓу мигрантите се` почесто може да се најдат жени и мали деца.

Фото: Куманова Сот